Марјан Стаменковски од „Доказ М“ на свое инсистирање ја напуштил Клиниката за кардиологија

Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиника за кардиологија, по негово барање, информираа од таму за Канал 5.

Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затворот во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби.

Нему веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот.

Судскиот процес против Стаменковски е во тек, а истовремено обвинителството отвори уште една постапка во која испитува и можно сторување на нови кривични дела.

Вчера хоспитализиран во старата Градска болница беше и осудениот во „Рекет“, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, заради извршување на хируршка интервенција, тотална гастректомија, односно целосно отстранување на желудникот.