Професорот Ненад Марковиќ потенцираше дека францускиот предлог е само предлог и не е никаков ултиматум и не мора да биде прифатен или одбиен. Она што не оди во прилог и ја загрозува целата политичка слика во регионот е кризата на владите на обете страни.
– Забораваме дека од наша страна се уште не е ништо прифатено. Дури и пораките кои стигаат од малите партии за напуштање на владините коалиции, не мора нужно да имплицираат рушење на владата. Може даимаме статус кво по принципот на бугарското сценарио пред да се гласа недоверба на владата. После француското прашање се појави уште еден емотивен предлог што содржи стапици кои не се нималку наивни. Францускиот предлог има делови кои се прифатливи и за кои може да се разговара. – рече Марковски.
Смета дека е добро што не се излетавме предвреме, а Бугарија се најде во чудна состојба. Уставните промени на кои инсистира Бугарија не смеат да бидат реализирани пред да се отворат преговорите.