Филипов: Кирил Петков веројатно пак ќе биде номиниран за премиер

Бугарскиот новинар Констадин Филипов истакна дека Бугарија е во голема политичка криза и смета дека ќе бидат и во парламентарна, зошто два дена парламетарното собрание не може да се собере и да работи за буџетот на државата.

  • Кирил Петков веројатно пак ќе биде номиниран за премиер и ќе добие мандат од претседателот Радев. Ако не успее да создаде нова влада во истиот состав на Парламентот, ќе биде даден мандат на ГЕРБ, а Борисов рече дека нема да го искористи. Прогнозата се предвремени парламентарни избори. Проблемот со Македонија е како тема за дебата беше придружна и служеше како параван да се сокријат главните проблеми на владата на Петков.

Филипов смета дека политичарите може да се караат за се, но односите со Македонија треба да има консензус кој е изграден на основа на разумна ситуација и таа да стои настрана од внатрешно политичката дебата.