Алексиќ: Не треба секој да заврши гимназија, некој треба да пече и леб

Професорката Татјана Алексисќ по карастофалните резултати на приемниот испит во гимназијата „Орце Николов“, смета дека од хиперпродукцијата на образивни кадри со задолжителното средно образование, па факултет и магистратура, сега се чувствуваат последиците.

– Не треба секој да заврши гимназија, некој треба да пече и леб. Средните стручни училишта се јадрото на едно општество. Учиме, за да се продадеме на пазарот на трудот.  Генијалноста кај учениците е раритет со две развиени хемисфери. Во основно училиште системот не турка во таа квази интонација дека сите мора да бидат одлични. – рече Алексиќ.

Смета дека овој неуспех потоа се разоткрива преку писмените каде се нема основна елементарна неписменост. Не се сите петки исти и смета дека децата треба да бидат најголемите критичари. Оваа генерација ќе биде изгубена генерација во третата светска вирусна војна.