Безпредметна ќе биде оставката на Заев од премиерската позиција доколку со него не заминат и уште неколку министри, особено од редовите на СДСМ, но исто така ова е добар момент и ДУИ да се преиспита со министерските кадри. Ако нема радикален рез, тогаш се ќе биде залудно, оценува универзитетски професор Ненад Марковиќ.
Според професорот и член на Советот за национална безбедност кај шефот на државата, од тоа кој ќе биде премиер ќе зависи и дали Владата ќе има капацитет да го издржи притисокот од решавањето на натрупаните проблеми и справувањето со нив.
За Марковиќ во овој момент е неблагодарно на човек да му посакаш да биде власт додавајќи дека не му е баш најјасно зошто Мицкоски инсистира на предремени избори.
Целото интревју со Марковиќ во вечерашното издание на Трилинг кое почнува во 20.45 часот на ТВ24.