Маричиќ: Оваа воена агресија ќе донесе несреќа, жртви и нестабилност во Европа

Вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ за Македонското радио вели дека „Ние отсекогаш сме било за дипломатско решение, разговори и против војна. Затоа застануваме со Украина сметајќи дека оваа воена агресија на Русија ќе донесе несреќа, жртви и нестабилност во Европа“. Тој додава дка земјава како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, во координација со сојузниците застана на страната на Украина и понуди помош.

„Ќе помогнеме со нашите можности и капацитети. Нам ни е важен нашиот интерес да опстои безбедноста, сигурноста и стабилноста на Европа и нашиот регион“ – изјави Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека оваа ситуација ќе има импликации врз ресурсите во Европа, но потенцираше дека државните резерви во земјава се во добра состојба.

„Сите проблеми околу испораката на електрична и топлинска енергија беа поврзани со овие случување. Но, со преземените чекори од Владата и вложувањата од буџетот за покривање на овие трошоци не дозволивме голем ценовен шок“ – истакна Маричиќ.

Тој додаде дека државните резерви се во добра состојба и дека Владата работи за да не дојде до прекини во снабудвањето со топлинска и електрична енергија.