ЕК ќе инвестира 3,2 милијарди евра за 21 проект на Западен Балкан

Синоќа ЕК го претстави инвестицискиот пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект за поврзување во транспортниот, дигиталниот, климатскиот и енергетскиот сектор во Западен Балкан.

Ова е прв пакет проекти во рамки на Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан усвоен од Комисијата во октомври 2020 година. Тие проекти треба да донесат опипливи придобивки за сите 6 партнери во регионот.

Информациите е дека пакетот вклучува 1,1 милијарди грантови од ЕУ од Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 година (ИПА III), дополнителни билатерални придонеси од членките на ЕУ и Норвешка и поволни заеми од меѓународни финансиски институции.

Пакетот што го најавија од ЕК ќе биде насочен преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.