Македонскиот тим во мешовитата комисија: Не сме разговрале за црковното прашање и чија е ОА

Ова стои во реакцијата на македонскиот тим историчари од комисјата според кои свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет.

-Предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на ОА во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла. –Македонски тим во мешовитата историска комисија.

Во петокот по завршувањето на состанокот, првиот човек од македонскиот тим Драги Ѓорѓиев рече дека за некои од забелешките за учебниците за седмо одделение, не бил постигнат договор поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото. Денеска историчарот Наум Кајчев, кој што е дел од бугарскиот тим, оцени дека имало конструктивна атмосфера, забелешките за учебниците биле утврдени, но македонските историчари во последен момент се повлекле. Причина за ова гледа во како што

-Како да живееме во времето на средниот век, на опскурантизмот(негативен однос кон просветата и науката), кога Црквата е единствено компетентна да се занимава со минатото. Сепак како што ние не се мешаме во догмите и верата, и црковните веродостојници не треба да се мешаат во работата на историчарите, во проучувањето и следењето на нашето минато и во содржината на учебниците по историја. Тие се работа на историската држава а не на црковната институција,изјави – Наум Којчев – Член на мешовитата историска комисија.

И премиерот Димитар Ковачевски го дели ставот со македонските историчари дека не се разговара за статусот на ОА и овика да не се даваат изјави засновани на шпекулации.

-Она што е валидно е кога сите членови на Мешовитата комисија ќе имаат консензуален став за било кое прашање. Се друго се изјави кои што немаат никакво влијание врз финален резултат. Историската комисија работи независно и единствено валидно решение е да биде одобрено од сите 14 членови со нивни потписи и на реципрочна основа во двете држави,изјави – Димитар Ковачевски – Претседател на Влада.

За темите на разговор во комисијата денеска реагираше и Демократски Сојуз од каде бараат јавно да се објави записникот од преговорите додавајќи дека комисјата не е надлежна да преговара за историските аспекти на ОА. Средбата на историчарите на крајот од минатата недела беше последна за оваа година. Следните состаноци ќе се одржат следната година во Софија.