Македонија со песната „Green forces“ на детска Евровизија во Париз

Дел од децата кои настапуваат во детска серија „Дајте Музика“ по избор на националниот сервис ќе ја претставуваат Македонија на годинешната детска Евровизија.

Кристина, Анастасија, Миха и Филип земјава ќе ја претстават со песната „Green forces“ чиј спот веќе има над 1 милион прегледи на You tube.

Годинава 19. издание на јуниорскиот избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19. декември во концертната сала „La Seine Musicale“, во Париз.