Авион со 142 патници ќе се судрел со НАТО авион над Црно Море

Авион на компанијата „Аерофлот“ бил принуден да ја промени висината за да избегне судур со авион на НАТО, јавија руските медиуми.

Информациите се дека инцидентот се случил над Црно Море, кога авионот на „Аерофлот“ кој летал од Тел Авив до Москва и во кој имало 142 патници, морал да се спушти на 1.800 метри за да избегне судар со авионот „ЦЛ-600“ на НАТО.

Од Алијансата засега нема коментар за инцидентот.