Лукашенко е подготвен да постигне „голем договор“ со САД

Белорусија е подготвена да постигне „голем договор“ со САД, но тој мора да биде структуриран така што ќе ги земе предвид интересите на двете држави, изјави претседателот Александар Лукашенко.

Белорусија е подготвена да постигне „голем договор“ со САД, но тој мора да биде структуриран така што ќе ги земе предвид интересите на двете држави, изјави претседателот Александар Лукашенко.

Во интервју за руските медиуми, Лукашенко нагласи дека е свесен оти Западот би сакал да го симне од власт и дека тој не е нивниот „омилен син“, но дека и покрај тоа води преговори со САД затоа што тоа е во економски интерес на Белорусија.

-Тие со задоволство би ме изџвакале и би ме исплукале. Го разбирам тоа многу добро, но дури и во таква ситуација, не затоа што сум Лукашенко, туку затоа што сум претседател на оваа земја и на белорускиот народ, сум принуден да дејствувам во согласност со интересите на народот, а не со моите лични интереси – рече тој.

Тој додаде дека одржува дијалог со Американците, но не против Русија или Кина. Лукашенко истакна дека Трамп би можел да го искористи Минск како посредник за воспоставување односи со Русија.