Лазаров: Владата задоцни со дел од мерките, а сега дури и ја стимулира инфлацијата со вештачкото зголемување на платите

„Владата задоцни со дел од мерките, долг период ја игнорираше неповолната состојба со тоа што велеа дека инфлацијата е увезена. Дел од мерките што Владата се обидува да ги преземе се непазарни и се во некоординација со бизнис секторот. За илустрација, во првите два месеци од 2023 има зголемување на стапката на инфлација. Битно е и тоа што мерките се времени, постои опасност по нив цените повторно да почнат да растат“ вели Дарко Лазаров – универзитетски професор и претседател на Клубот на извозници при СКМ во најновото издание на Трилинг.

Тој смета дека „Владата дополнително ја стимулира инфлација со вештачко зголемување на платите. Тој процес дополнително ја намалува куповната моќ на граѓаните“.

„Решение е да се седне на маса и да се понудат реални мерки за забавување на инфлацијата. Владата треба да им помогне на компаниите, ад хок е помош во набавка на суровини, да се искористат сите алатки на Владата за заштита на загубите на компаниите“ вели Лазаров.

Тој вели дека „треба да се вклучи и Академијата, за економските политики и барањата знајте дека нема економија во светот која не го поддржува приватниот сектор. Сите развиени економии гледаат на тој начин“.

Според Лазаров, „Македонија има ниско ниво на развиеност економска во однос на останатите земји, тука мора системски да се работи на градење одржлив економски модел“.