Огњановски: Преведувачите во македонското Собрание работат во извонредно тешки услови

Разговорот со Огњановски го водеше Марија Димишкова

„Професија е преведувањето, ние преведуваме говор, а други текст. Мора преведувачот да има одлично познавање пред се на мајчиниот јазик. Мора да се има познавање и на моменталните политички случувања, мора да има широка општа култура“ – вели македонскиот преведувач во ЕУ – Влатко Огњановски во најновото издание на Трилинг.

Огњановски вели дека „знам дека има многу нови толкувачи во Македонија, се чувствува сериозно зголемување во споредба на 2000-тите години. Кај нас постои детето знае англиски пушти го нека преведува, ама не е баш така“.

„Во европските институции секој јазик има еднаква улога, ЕУ се стреми кон мултилингвализам, секој говорник кој учествува на некој настан да може да се изразува на свој мајчин јазик. Различно е кога преведуваш за тој што те слуша, а поинаку е кога тој превод го преземаат многу други кабини и да го преведат на свој сопствен мајчин јазик“ вели Огњановски.

Тој смета дека „во македонското Собрание најчесто се преведува од албански на македонски, па најчесто имаат потешкотии во изразувањето, затоа што албанскиот им е мајчин јазик. Тие колеги работат во извонредно тешки услови, минимални плати имаат. Долготрајни сесии, а правилата за услови во ЕУ се секогаш по тројца во кабина и се менуваме по половина час. Замислете цел ден да поминат по толку многу часови (само по двајца), им симнувам капа“.