Пендаровски: Ако скратувањето на мојот мандат и помогне на Македонија, уште денеска ќе поднесам оставка

„Прашање е дали воопшто може да се спречат негативните трендови, треба да се направи амбиент да биде судено по закон. Од влезот во транзицијата имаме реформи на хартија. Фундаментално подобрување на состојбите во правната држава не е забележано во ниеден извештај. Преспанскиот договор ги отвори вратите кон НАТО, ако ги исполниме уставните промени, и за луѓето од Брисел ќе биде побитно како ги менаџираме состојбите, во државата која е хетерогено општество“ – вели македонскиот претседател Стево Пендаровски во најновото издание на Трилинг.

„Титаник 2“ застаре, во фиока долго време беше „Таргет-Тврдина“. Има ли во моментов спрега меѓу судството, обвинителството и извршната власт?

„Убеден сум дека секогаш постојат индивидуални спреги, сигурен сум дека некогаш постојат спреги меѓу најбогатите луѓе во Македонија. Знаеме прекрасни поединци во судството и обвинителството, со крстот на чело и немаат никакви допирни точки со ујдурми. Таквиот начин на чување на предмети во фиока не одалечува од ЕУ. Побитно е нашите граѓани што мислат, нашите институции треба да работиме за граѓаните, не за некој надвор“ вели Пендаровски.

Шефот на државата смета дека „за безбедносните импликации, Советот за безбедност имаше серија седници, една од седниците беше за сајбер безбедност. Советот за безбедност е советодавно тело, имаме надлежност да поднесуваме препораки до Владата и Собранието.

Денес за евентуално национално помирување, за обединување и амнестија Пендаровски е со став „не би сакал да видам друг начин да видиме 2/3 и отворање на Уставот без дебата со опозиција. Ако како пратеник не си убеден дека евроатлантската иднина на земјата не гарантира просперитет, тогаш зошто би убедувал со пари, привилегии, не размислувам за друга комбинација. Ако не мислиш дека ЕУ е перспективата за Македонија, тогаш не сакам да размислувам за други инструменти за убедување“.

Затвор лежи Гордана Јанкулоска, многумина „кукавици“ избегаа…

„Груевски и Јанкулоска никогаш не побарале помилување, а Ѓоко Поповски побара помилување. По извесен период, само Идризово е затвор во кој има женско одделение. Мажите може да отслужуваат во други затвори. Јанкулоски не може да побара преместување, затоа што нема женско одделение во друг затвор. Таа со 2,5 години одлежани нема добиено ниеден слободен викенд да го види детето. Треба да се променат прописите. Има дискриминација по пол“ вели претседателот.

За евентуалното отворење на Уставот Пендаровски вели „Јас сум еден од неколкумина што вели дека формулацијата 20% може да се замени со албански, не мислам дека некој нешто губи. Не треба да се затскриваме зад еуфемизми. Тврдам дека оној момент кога се отвора Уставот, секојпат има субјекти кои додаваат нешто што сакаат нешто да има. Секогаш кога се става на маса нешто плус политичкиот приоритет, многу е тешко да се извлече и политичкиот приоритет број 1. Преферирам таа постапка за промена да почне другиот месец и да заврши пред завршувањето на колективните одмори на функционерите. Не мислам дека уставните измени треба 2 години да се занимаваме само со Бугарија“.

Претседателот Пендаровски е со став „огромна политичка енергија се потроши во државата за прашање на кое не требаше да потрошиме повеќе од неколку денови“.

„Временската рамка е прецизно определена. Ако по ноември сакаме да продолжиме, без уставни промени не може. не гледам дека треба ниту за милиметар да се промени државната политика со Бугарија. Јас така ја гледам реалноста. Ова е децениска политика на Бугарија кон Македонија. Тврдам дека серијата на отворањето бугарски клубови не е случајна. Тие од мегаломанските барања, добија само Бугари во Уставот.

Трилинг: Дали имате проблем како шеф на државата да го скратите мандатот и да се оди во исто време на предвремени парламентарни избори заедно со претседателски избори?

„Ако скратувањето на мојот мандат ќе и помогне на Македонија, уште денеска ќе поднесам оставка. Ако двете страни власт – опозиција мислат исто, дека мандатот на Стево Пендаровски е проблем, ќе си заминам одма. Последната година дена нема контакт со Мицкоски“ – вели претседателот Пендаровски.

Ако не ги спроведеме уставните промени дали ќе западнеме во политичка криза?

„И редовните избори нема да ги решат политичките поделби. Ние имаме огромна дупка меѓу два политички блокови, со години наназад се гледаат преку нишан. Мислам дека во многу придонесе да се влоши состојбата 27 април“ смета претседателот.