Лавров: Русија нема намера да ја нападне Украина

„Русија никогаш не му се заканувала на украинскиот народ“ рече денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен во Женева.

„Русија никогаш не и се заканувала на Украина преку свои официјални претставници, рече тој. „Русија нема намера да ја нападне Украина“ рече Лавров.

Тој се надева дека „емоциите ќе стивнат“ по „искрените“ разговори со САД.

„Русија не исклучува дека целата хистерија што Западот ја крева околу Украина има за цел да ја прикрие политиката на Киев за саботирање на Минск-2“ – рече Лавров.