Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи, откако беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица.

На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите, група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 се уште трае. Сите исчезнати тренираат во планинарски институт, но далеку од местото на лавината, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП.

Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави Ројтерс.

Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптери во потрага по исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд.

Минатата година, пукна глечер во државата резултираше со поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.