Вучиќ: Претстои тежок период, можеби потежок и од оној во 90-тите

„Многу сум загрижен за исходот на некоја нова сталинградска битка, доколку се случи. Останува прашањето што ќе правиме со себе и дали ќе успееме да ги зачуваме и левиот и десниот брег на Дунав за нашиот народ. И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и душа, но и секогаш се сеќаваше што треба за српската глава“ рече денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ

„Ќе видите и самите, без оглед на одлуките кои сме ги донеле морам да кажам дека се плашам од она што и претстои на Србија, сега повеќе од кога било“ – вели тој.

Вучиќ рече дека „најважно е да се грижиме за нашето семејство и за нашата земја“.

„Ни претстои тежок период, потежок отколку што имавме во деведесеттите. Сето тоа, без разлика какви одлуки сме донеле, нема да го смени фактот дека се плашам повеќе од кога било од она што ја чека Србија. Да се ​​грижиме за нашето семејство и нашата земја“.