Кулеба до НАТО: Затворете го воздушниот простор сега, инаку крвта на Украинците ќе е на вашите раце!

„Партнерите да го затворат воздушниот простор над Украина, инаку крвта на Украинците, убиени од Русија, ќе биде на нивните раце“. Ова го рече украинскиот министер за надворешни работи – Дмитро Кулеба.

„Ние им кажуваме многу јасно и смирено на нашите НАТО партнери, може да размислуваш колку сакаш околу тоа, како да избегнеш конфронтација со Русија, но, ако не ни помогнеш да ја запреме сега, директна конфронтација ќе биде неизбежна, бидејќи ти ќе бидеш следен“ рече Кулеба.

Оние кои веруваат дека Русија нема да се осмели да ги нападне земјите членки на НАТО треба да се сетат дека, не веруваа ни оти Кремљ планира да почне директна војна со Украина, е неговиот став.

„И сите згрешија. Затоа е неопходно да се дејствува сега“ – појасни Кулеба.

Според него, прашањето за затворање на небото над Украина, е навистина важно.