Брнабиќ: Трпиме големи притисоци!

Ана Брнабиќ – премиерката на Србија изјави дека врз земјата има големи притисоци кои се „политички и економски и дека се секакви и се однесуваат на сите теми“, додавајќи дека притисоците се однесуваат и на евроинтеграциите

„Притисоците главно или исклучиво се насочени кон претседателот на Србија. Посакувам да можам да носам поголемиот дел од нив“ – изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека тоа биле разговори, телефонски и други, со сите меѓународни претставници од земјите на ЕУ, како и од Западот и Истокот.

Според неа имало притисоци и за Косово, посебните врски и односите со Република Српска, имало и закани дека некои инвеститори ќе ја напуштат Србија..

„Ние се бориме да го одбраниме интересот на Србија и да го браниме меѓународното јавно право“ – посочи Брнабиќ.

Таа посочи дека на руските компании во Србија нема ништо да им се одземе, ниту да се национализира нивниот имот.