Кристоф Галтие повеќе не е тренер на ПСЖ, Нагелсман утре доаѓа на преговори

Најавено и реализирано, Кристоф Галтие повеќе не е тренер на Пари Сен Жермен, потврди на некој начин спортскиот директор на „Л’ тимот“, Луис Кампос, но Јулијан Нагелсман, поранешниот тренер на Баерн, утре го очекуваат во Париз на финалните преговори.

„Паризиен“ утринава објави дека сопствениците на ПСЖ решиле да го заменат Галтие, кој пристигна пред една година, го водеше тимот 56 натпревари, а победи само во Лига 1.

Елиминацијата од Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите беше знак управата на „светците“ да почне да размислува за нов тренер.

Ги спомнаа Зинедин Зидан, Луис Енрике, Жозе Мурињо, но најмногу им се допадна поранешниот тренер на Баерн.

Јулијан Нагелсман сукцесивно ги одбиваше понудите на Челзи, па Тотенхем, а беше поврзуван и со Реал, но со оглед на тоа што Карло Анчелоти остана на Сантијаго Бернабеу, Германецот го прифати концептот на ПСЖ.

Француските медиуми пишуваат дека Тиери Анри треба да дојде во Париз со Нагелсман, но оваа информација се уште е непотврдена.