Костадинов: Струмица може да стане центар на медицинскиот канабис

„Имаме предизвици во Струмица, мандатот го почнуваме во една специфична ситуација, со предизвици пред кои треба да стоиме исправено. Освен електричната енергија, Струмица има проблеми и со цената на гасот. Ние не можеме да бидеме исклучени од кризата која се случува во Европа. Очекуваме субвенции, но не го решаваме проблемот трајно. Треба сите општини да излеземе со готови проекти, пред се мислам за фотоволтаици“ – вели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во најновото издание на Трилинг.

Трилинг – Дали Струмица станува центар на марихуаната?

Костадинов: Има инвестиции во Струмици, фабриките за преработка на медицински канабис, едната е 27 милиони евра, другата близу 25, вработуваат 500 граѓани, со сериозни плати, во таа смисла, со такви инвестиции – може Струмица да стане центар на медицинскиот канабис.

Костадинов рече дека комуницира со екс-премиерот Зоран Заев, за него вели дека е политичар кој даде се од себе да се решат отворените прашања.