Груевски-Маџовска: Потпишано е дека имаме заедничка историја, a никого не прашалe за тоа,никој не се согласил

„Не гледам дека бугарската страна прави некаков компромис, нивниот став е цврст, укажавме на тоа. Потпишано е дека имаме заедничка историја, тоа е веќе потпишано, никого не прашале, никој од нас не се согласил дека имаме заедничка историја“ вели проф. д-р Симона Груевски-Маџовска од институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во најновото издание на Трилинг.

Симона Груевски-Маџовска вели „гледаме од другата страна дека нашиот јазик е измислен во 1945 година. Тоа не е точно. Нема признавање на македонскиот јазик, кај нив излезе политички панфлет во кој стои дека нашиот јазик е книжевна форма на бугарскиот јазик. Македонскиот и бугарскиот се сродни јазици, како најјужни, имаат најмногу сличности“.

„Нема реска граница како меѓу јазици кои се несродни“ вели таа: