Континуиран раст на цените на нафтата на светските берзи
Осма недела во континуитет расте цената на нафтата на светските берзи како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво. Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот за 3 отсто, откако Белата куќа соопшти дека Русија сега има доволно војници да почне воена операција во Украина.
„Сите сакаат да си обезбедат доволно нафта… ако дојде до инвазија, знаете дека следуваат санкции против Русија, што може да предизивикаат нарушување на снабдувањето со гас и нафра“ – изјави во петокот, Ендрју Липов, претседател на Lipow Oil Associates.
Меѓународната агенција за енергија ја соопшти оценката за недоволно снабдување, откако Организацијата на земјите извознички на нафта, предупреди дека светската побарувачка за нафта, оваа година може да расте уште повеќе, со оглед на силното закрепнување на економиите од корона кризата.
Но, Меѓународната агенција за енергија соопшти дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со поголемо производство, би можеле да ги смират нестабилните пазари.
Иако се во раст осум недели по ред цените на нафтата се забавуваат во последните седмици, бидејќи економскиот раст би можел да забави во иднина.