СДСМ: Мицкоски да даде отчет за „Титаник“ и да поднесе оставка

„Откако поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека ја злоупотребувале службената положба во партиски цели, единствен отчет што треба да го даде Христијан Мицкоски е отчет за предметот Титаник.

Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека постапувале незаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи.

Со нивното признание се потврди се она што беше објавено во Вистината за Македонија се потврди дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни.

По сето ова Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да си поднесе оставка а ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите.

Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е опкружен со исти луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николовски, Антонио Милошоски…

Апелираме на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од поранешни и актуелни политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозиција.

Правдата конечно мора да надвладее“ стои во соопштението на владејачката СДСМ.