„Американски војници нема да војуваат во Украина“

„Американските сили нема да војуваат во Украина во случај на руска инвазија на оваа земја“, изјави портпаролот на Пентагон – Џон Кирби.

„Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека американските војници нема да водат војна во Украина“ рече тој.

Според Кирби, употребата на американските сили дури и за евакуација на американските граѓани од земјата „би го зголемила ризикот од погрешна проценка и би ја зголемила можноста за конфликт меѓу руските и американските сили“.

Кирби посочи дека конфликтот околу Украина се уште може да се спречи, но времето истекува. Американската администрација не ја разгледува можноста за воведување превентивни санкции против Русија.

Во меѓувреме, нова серија американско оружје пристигна во Украина.