Што разговарал претседателот Пендаровски со лидерот на ГДУ и самосвесниот Бугарин и зошто е скриен од јавноста?
Колев во Трилинг вели дека над 100.000 македонски државјани имаат бугарски пасош, но не е сигурен колкумина од нив на пописот ке се декларираат како македонски Бугари.
„Јас не сум сретнал македонски политичар кој бил претставен не со идеолошката платформа, туку со етничката припадност. Мислам дека политиката не треба да е натпревар на етносите, туку натпревар на идеите. ГДУ е обединета во идејата за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите. Не знам зошто некој си мисли дека нашето општество ќе оди напред ако робуваме, дека може да имаме граѓани од втор ред, не битно кои. Треба да сфатиме дека ако навистина веруваме дека ЕУ не е само фонд, дека ЕУ е вредности кои ќе ја хармонизираат потребата од кохезија и ќе ги мотивираат младите луѓе да ги скинат прангите од стравовите, нема ништо пологично да се обединиме околу тој момент“ декларираниот Бугарин во Македонија, Петар Колев – лидер на партијата ГДУ во последното издание на Трилинг.
Колев за средбата на Пендаровски со претставниците на ОМО Илинден – Пирин и ставот на бугарскиот претседател Радев на сето тоа вели:
„Со Пендаровски сме разговарале неколкупати. За разлика од него кој што никогаш јавно не споделил дека се сретнал со нас, да и каже на јавноста дека нема ништо страшно да се сретне со луѓе кои се декларираат како Бугари во Македонија, Радев рече дека тоа не е проблем и средбите може да се јавни. Верувам во чесните намери на институциите, дај да зборуваме искрено во Македонија – Пописот не е статистичка, тука кај нас е политичка операција“.
„Над 100.000 граѓани на Македонија на основа на бугарско потекло се и бугарски државјани, да видиме, може дел од тие луѓе нема да се определат како македонски Бугари“ – потенцира Колев.