Петличковски: Пандемијата се уште трае, луѓе се уште умираат – не се покажа дека Омикрон е лесна варијанта

„За високите бројки, пандемијата не е завршена, ова е нов пик, со многу заразен сој. Нема дилема дека вакцината врши одлична работа во намалување на сериозноста на болеста. Процентот со кој се гарантира, дека пациент нема да умре, вакциниран – тој процент е 90%. Додека трае пандемијата шансите да се појавуваат нови соеви се отворени. Рано е пандемијата да ја прогласиме за завршена и рано е да кажеме дека Омикрон ќе е последниот сој“ – вели проф. д-р Александар Петличковски – претседател на Комисијата за заразни болести во најновото издание на Трилинг.

Тој посочи  дека „предвидувањата се дека пандемијата ќе добие ендемски вид“.

За различните мислења и ставови на лекарите, Петличковски со став:

„За да заврши пандемијата, идеално би било во краток период да се имунизира целото население. Првичните проекции беа брзо да се реагира со вакцинацијата, па заради дисбалансот, пандемијата се уште трае. Маските се покажаа како многу корисно средство. Ни една студија не покажа дека Омикрон е лесна варијанта, луѓе се уште умираат, и затоа не треба да ги фрлиме маските. Тоа е голем ризик намерно да дојдеме во инфекција“.

За високата стапка на смртност, првиот човек на Комисијата за заразни болести за Трилинг вели дека „има нејаснотии како се евидентираат починатите. Дали случајно е детектиран Ковид или починале од други коморбидитети. Не постои манипулации со бројките кај нас, апсолутно е јасно да подметнува бројки“.