Премиерот Ковачевски денеска остварил телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен.
Претседателката на ЕК му изразила благодарност на Ковачевски за брзите реакции на Владата на С. Македонија, за кои истакна дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
Таа искажала честитки за посветеноста на дијалогот Скопје – Софија и уште еднаш повторила дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.
И покрај загрижувачката ситуација со Украина која се наметна како приоритет, премиерот Ковачевски информирал дека владите на С. Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ.