ВМРО-ДПМНЕ: Човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ОН!

„Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90-тите години.

Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен.

Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали.

Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк.

Пендаровски ги потценува САД.

Пендаровски го нарушува угледот на Македонија“ стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за назначувањето од страна на Претседателот Пендаровски на Фрчкоски за амбасадор во ОН.