Загинаа 500 руски војници во Украина, ранети се 1.600

Руското Министерство за одбрана со официјални податоци – безмалку 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина.

„Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена“ – тврди руското Министерство за одбрана во својот прв извештај за воени жртви откако земјата го нападна својот источноевропски сосед минатата недела.

Руските вооружени сили уништија повеќе од 1.500 воени цели од почетокот на специјалната воена операција во Украина, вклучувајќи 13 борбени авиони и 47 беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„За време на досегашните воени операции, уништени се 1.533 воени цели“ – изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Тој објасни дека на земја биле погодени 47 воени авиони, додека во воздух биле соборени уште 13 авиони и 47 беспилотни летала и 484 тенкови и други борбени оклопни возила.