СДСМ низ партнерски однос со бизнис секторот гради силна и европска економија. На денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претставници на компаниите членки на комората, разговаравме за ефектите од досегашните мерки за економијата, за нивните предлози и за идните мерки во новата програма на СДСМ, сподели екс премиерот Димитар Ковачевски.
„СДСМ креираше мерки кои имаат видлив резултат. И во време на најголема енергетска криза растеа платите и пензиите, се одржа ликвидноста на компаниите, се заштити стандардот на граѓаните, се зголеми нивото на инвестициите.
Економијата е високо на листата приоритети и во новата програма на СДСМ. Во наредните 4 години домашните компании ќе се поддржат со 180 милиони евра за директна финансиска поддршка за инвестиции во производство, 3,5 милијарди евра се предвидени за капитални инвестиции, 2,7 милијарди евра за инфраструктурни проекти во патната инфраструктура, 750 милиони евра за поддршка на земјоделците. Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра.
СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата, тоа е клучот за развиена економија и подобар животен стандард“, додава Ковачевски.