Ковачевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновниците кои го заглавија Скопје

„Хаосот во Скопје, хаосот што во овој период му се случува на градот Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски“ рече денеска премиерот Ковачевски.

Тој смета дека „граѓаните мора да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт во Скопје. Предлози односно кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија во градот Скопје, вклучително и во ЈСП и тие ја имаат целосната одговорност за тоа што денес се случува во Скопје“.

„Наместо да работат за граѓаните и за градот тие кадри на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и градоначалничката на Скопје, бидејќи градоначалничката на Скопје е предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Цела кампања на градоначалничката на Скопје ја водеше ВМРО-ДПМНЕ. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше прешекана со трубачи со песната Бела Чао. Таа беше облечена во бел капут, цело ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани стоеше пред зградата и ја пречекаа свечено. На бината во прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во ново блузонче со патент заедно со цело раководствоја пречекаа и кажаа дека го освоиле Скопје. Градоначалникот на Скопје претседавачот на град Скопје се од ВМРО-ДПМНЕ, членови на управни одбори, директори се членови на ВМРО-ДПМНЕ, и немаат никаква врска со СДСМ којшто е во опозиција во градот Скопје“ – вели тој.

Премиерот потенцираше „ниту сум имал тајни средби ниту ќе имам тајни средби. Јас сум човек којшто сите мои средби ги најавува и транспарентно од сите има соопштение. Така било од прв ден до денеска и така ќе продолжи да биде и во иднина“.

„Самонаречениот градоначалник на Скопје, Мицкоски, мнозинството во советот од ВМРО-ДПМНЕ, членовите на управните и на надзорните одбори, од ВМРО-ДПМНЕ, се единствените виновници што денеска Скопје е заглавен град. Исто како што беа виновници што 11 години Северна Македонија сега, тогаш Македонија, беше заглавена држава според сите извештаи на сите меѓународни институции. 5 години ни требаше на меѓународните рангирања да ја вратиме државата во групата на земји во кои владее демократија“ рече тој.