Ковачевски објави видео на неговиот профил на Фејсбук во кое кажа дека ветувањата за покачување на платите се остварени.
Во видеото кое го објави Ковачевски се посочува дека платите во МВР, здравство и одбрана се зголемени за 5 отсто, додека платите во образованието скокнале за 7 отсто, а во образованието имало зголемување до 15 проценти.
„Покажуваме вистинска грижа за државата и за граѓаните. Ветувањата за покачување на платите се остварени. Никој нема да биде оставен сам!“, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, објавувајќи видео во кое порачува дека заедно растеме и заедно ќе продолжиме да растеме напред.