Килијан Марфи е веган, но особено му недостига една храна

Многумина не го знаеја овој податок за популарниот актер, но Килијан Марфи е вегетаријанец веќе петнаесет години, а неодамна се префрли на веганска исхрана, елиминирајќи ги сите намирници од животинско потекло (вклучувајќи млечни производи и јајца). Иако оваа диета за многумина сè уште е чудна, во 2021 година дури 79 милиони луѓе се изјасниле како вегани.

Популарниот актер откри дека станал вегетаријанец помалку од етички, а повеќе од здравствени причини. Тој ги потсети слушателите на избувнувањето на кравјото лудило што го зафати светот пред неколку години и откри дека стравот за неговото здравје го мотивирал да прифати нови навики во исхраната.

Иако петнаесет години бил вегетаријанец, откако добил улога во серијата „Peaky Blinders“, на кратко го вратил месото во исхраната, откако тренерот го советувал да јаде месо за да се здебели и помалку да личи на „слаб Ирец“.

Во тој период популарниот актер уживал во играта, но по завршувањето на серијата завршил и со месо!

Откако стана веган, неговото мени е сведено на храна која нема апсолутно никаква врска со животните, но актерот сепак призна дека му недостига една вкусна и сакана храна.

„Ми недостига кашкавалот“, рече Килијан на подкастот.