Киев очекува испорака на првите авиони Ф-16 во јуни или јули

Неименуван украински воен претставник денеска изјави дека првите борбени авиони Ф-16 во Украина ќе бидат испорачани во јуни или јули.

Но, тој не наведе кои земји ќе испратат авиони Ф-16.

Украина бараше борбени авиони Ф-16 од САД за да се спротивстави на руската воздушна супериорност.