Кевин де Брујне е најдобриот фудбалер сезонава во Премиерлигата
Утре ќе биде познато дали шампионскиот шехар ќе оди во витрините на Манчестер Сити или Ливерпул во Англија, но познато е во чии раце завршува признанието за најдобар фудбалер на сезоната во Премиерлигата.
Престижната награда за МВП заминува кај асот на Манчестер Сити, Белгиецот Кевин Де Брујне.
Тој го повтори успехот од сезоната 2019/20. и им се придружи на Тиери Анри, Кристијано Роналдо и Немања Видиќ, како фудбалери кои најмалку двапати ја освојувале оваа награда.
Де Брујне сезонава во ПЛ постигна 15 гола и имаше 7 асистенции на 29 одиграни натпревари.
Доколку неговиот тим утре слави против Астон Вила ќе ја одбрани титулата во Премиерлигата.
Одлуката за најдобриот во Премиерлигата беше донесена по собирањето на гласови од страна на јавноста, капитените на сите фудбалски премиерлигаши и група избрани фудбалски стручњаци.
Зад Де Брујне останаа седум номинирани: Трент Александар-Арнолд, Жерод Боувен, Жоао Кансело, Букајо Сака, Мохамед Салах, Хјунг Мин Сон и Џејмс Ворд Праус.