Вучиќ и Путин ќе ja договараaт цената на рускиот гас за Србија

Следната недела српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот руски колега – Владимир Путин ќе имаат телефонски разговор на кој главна тема ќе е гасниот аранжман меѓу двете земји, дознава српски „Новости“.

Информациите се дека од исходот на овој разговор ќе зависи цената на гасот која ќе плаќа Србија во иднина и колку ќе трае таквиот договор.

Актуелниот 10-годишен аранжман истекува на 31. мај и почнаа разговорите на ниво на компании меѓу двете страни, но се очекува двајцата државници да ги одбележат и прецизираат условите под кои Србија ќе добива гас пред една од најнеизвесните зими во последните неколку децении.

Белград од една страна е притиснат од отворените барања на европските земји и САД да се приклучи кон санкциите против Русија, а од друга страна Србија е земја 100-отсто зависна од рускиот гас.