Премиерот на Австралија призна пораз, Лабуристичката партија ќе ја формира новата Влада

Иако се уште не се пребројани вкупниот број гласови, премиерот на Австралија – Скот Морисон ја загуби власта и по десет години земјата ќе добие лабуристичка влада.

Како што пишуваат австралиските медиуми, Морисон го признал поразот, а според порекциите, лидерот на Лабуристичката партија – Ентони Албанес, ќе биде следниот премиер на Австралија.

Ниту една мрежа во Австралија сè уште не предвидува дека лабуристите ќе освојат мнозинство од 76 места во Парламентот, но медиумите веруваат дека Либерално-Националната коалиција на Скот Морисон нема начин да стигне до мнозинска или малцинска влада.

„Разговарав со лидерот на опозицијата и иден премиер Ентони Албанез и му честитав на изборната победа“, изјавил Морисон во телевизиско обраќање, пренесе „Ројтерс“.

Морисон додава дека ќе поднесе оставка од позицијата лидер на Либералната партија.

Тој стана премиер во 2018 година.