Олаф Шолц – германскиот канцелар енеска патува за Киев, како продолжение на западните дипломатски напори за смирување на руско-украинските тензии.
Утре тој ќе замине во Москва бидејќи САД повторија дека Русија може да ја нападне Украина „во секој момент“.
Голем дел од западни земји евакуираа дел од персоналот на нивните амбасади во Киев.
Шолц неодамна изјави дека санкциите против Русија се подготвени во случај на нејзин напад врз Украина.
Земјите на НАТО стравуваат дека Москва, која натрупа над 100.000 војници во близина на границата, може да ја нападне Украина.