Истражување – 6 од 10 млади би се иселиле од земјава!

„6 од 10 млади, доколку имаат можност, би се иселиле од државата, а околу 29% не би се иселиле. Речиси 8 од 10 млади луѓе, пак, мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, односно немаат надеж за промена“. Ова го покажало истражувањето на Фондацијата за демократија – „Вестминстер“.

Извештајот покажува дека ако одлучат да си заминат, само 8 проценти од младите изјавиле дека сигурно би се вратиле во земјава.

„Ова значи дека веќе не се работи за повисока плата и за повеќе пари, туку за подобар животен стандард. За жал, речиси осум од 10 млади луѓе мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, а тоа значи дека немаат надеж за промена. Ако навистина сакаме промена, мора да најдеме механизми како младите да се сфатат сериозно и да станат дел од одлучувањето. Посебно треба да се најде начин како да се мотивираат девојките, за да бидат дел од промената“ се вели во извештајот.

Младите мислат дека ако станат дел од една партија, веќе не можат да најдат работа надвор од партијата и тоа не е стереотип.