Инфлацијата во Грција највисока во последните 25 години

Минатиот месец инфлацијата во соседна Грција бележи зголемување за 6,2 отсто во споредба со истиот период лани.

Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, тоа е највисока инфлација во изминатите 25 години.

Споредбата на податоците од јануари 2022 година и декември 2021 година, најголемо зголемување има на цените на природниот гас, електричната енергија и нафтата за греење.

Гас се зголемил за 154,8 отсто, електричната енергија за 56,7 проценти,  нафтата за греење за 36 отсто, а горивото за 21,6 проценти.

Зголемување, во периодот од една година, има и на цените на сите прехранбени продукти, со исклучок на свинското месо и сувомесните продукти.