Доцент д-р Бојан Карапејовски истакна дека бројот на студентите по македонски јазик е во опаѓање, не само кај нас, туку и во светот. Светот се преструктуира и има области кои на пазараот се побарани и тоа ќе се студира повеќе.
– Во однос на нашите бројки тука, бројките опаѓаат, но опаѓа и бројот на населението. Ако пописот пред многу години велеше дека сме 2 милиони и 800, ако имало 30 000 матуранти, сега бројката на оние кои се пријавиле да полагаат државна матура е околу 16 000. Во таква ситуација, многу студенти одат во странство или на приватни и бројката ќе се намалува. Веројатно се работи за системска грешка и нашето општество има мал број работни места за кадарот што ќже се оформи на филолошките факултет на отсекот македонистика. – вели Карапејовски.
Професорот вели дека студентите по македонски може да работат и на други области, лектори, библиотеки, новинари… Вели дека пазарот на трудот одредува што ќе работи некој. Ако некој нема можност да работи за она за што учел ќе работи друго. Ние страдаме од бројки, вели професорот и тоа изгледа како декларативна загриженост. Не знаеме колку треба да продуцираме кадар за пазарот. Треба да се создадат квалитетни кадри за да работат во државата. Вели дека македонскиот јазик не е доволно афирмиран.
– Мора да се приспособиме на времето како ќе го промовираме јазикот со вклучување на дигиталното време. Поразителен е фактото дека македонскиот јазик е единствениот во Европа што нема свој електронски корпус и со тоа да се позанимаваат информатичарите. Бројот на лекторати во станство е стабилен, но низ годините бројот само опаѓаше. Мора да се вмеша и државата во светот има многу македонисти кои се заинтересирани за јазикот. Интерес има, работата е како ние ќе ја канализираме нашата желба за промоција. – вели Карапејовски.
Професорот смета смета дека не може суштината на јазикот и неговото постоење не може да се наруши од било какви фактори. Чинот на кодификација значи дека е тој службен во некоја држава. Во политичка смисла, каде ќе се употребува, политиката може да влијае.
– Вистина е дека може да се ограничи опсегот на употреба. Надвор од камерите не може да се оспори, а официјалниот јазик е и политичка категорија. Иако има преходен закон за употребата на јазикот кој е на сила и предвидува внатрешни механизми за заштита и промоција. Апелирам да се работи на свеста и ако имате висока свест, јазикот ќењ биде заштитен – вели Карапејовски.