Интервју со Миливое Ѓорѓевиќ: Нашата цел беше холивудскиот пазар во време кога немаше интернeт

Еден од основачите на Фх3х Миливое Ѓорѓевиќ за Трилинг вели дека глобалната сцена целосно се движи од Холивуд особено во продуцискиот дел. Човечкиот ресурси се расфрлани низ сцелиот свет, а се помалку ги има во Холивуд.

– Холивуд е главна канцеларија на сите големи компании и таму е важно да се биде зошто сите контакти се одвиваат таму. Тоа е како една централа на целата индустрија. Приматот за човечки ресурси го презема Канада – вели Ѓорѓевиќ.

Во процесот на обука на кадар, тоа трае неколку месеци, а најдобрите влегуваат во процес на работење во канцеларии и се обусуваат да станат артисти. процесот е две ипол години за да се добие титулата артист.  За тоа не постојат кај нас школи да дадат кадар како готов производ. Пред 25 години, основање на таква компанија било невозможно и со неговиот партнер во компанијата Кристијан верувале дека има основа за таа работа. Нашата цел беше холивудскиот пазар, иако во тоа време немаше интерент.