Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарната група Меморија во емисијата Трилинг ја откри животната приказна за неговата сопруга која се бори со тешка болест, а семејството останало без никакви примања, зошто и тој останал без работа.
Никогаш не кажувал за тоа, зошто не е човек кој ќе бара милостина. Секогаш се бунтувал против системот кој не препознава квалитет.
- Јас гледам дека кај нас се случува синдромот на Салиери во стилот на филмот „Амадеус“. Најбитната карика што ни фали е свеста и совеста кои се стекнуваат со воспитување од мали нозе. Тоа што чини треба да се бутка. Со децении забележувам дека во сите сфери се буткаат дунстери, луѓе кои се неквалитетни – вели Икономов.
Вели дека во секое време, наназад, она кога свиреле на Денот на независноста, луѓето дошле да ги гледаат нив, а не политичарите.
Денеска, нема никаков проблем Министерството за културата да обезбеди пари да ги поткрепи уметниците.