Скопјанецот Иван (30) кој пред еден месец по 20 часа поминати во Егејско море успеа да биде спасен жив и здрав за грчката телевизија „СКАИ“ ја раскажа својата приказна. Иван 20 часа помина во солената вода, а преживеа пред се поради неговата смиреност, но и со помош на една мала топка која случајно стигнала до него.
„Вториот ден кога видов дека сите бараат на погрешни места, тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат. Тоа беше најлошиот роденденски подарок. Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето“ – вели Иван.
Им благодари на сите кои учествувале во неговото спасување.
Од морето кратко откако исчезнаа тројцата другари беше спасен неговиот пријател Васил, а потрагата по третиот исчезнат Мартин Јовановски (31) официјално е прекината пред десетина дена.