Руни: Ако Роналдо сака да си оди, пуштете го!

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, моментно тренер на ДЦ Јунајтед во МЛС лигата, го повика поранешниот клуб доколку сака, да го пушти Кристијано Роналдо да си замине од Олд Трафорд.

„Мислам дека Јунајтед треба да му дозволи на Роналдо да го напушти клубот. Не е дека не може да игра, тој може да игра во кој било тим и секогаш ќе постигнува голови. Мислам дека Јунајтед не е подготвен да ја предизвика титулата, па затоа целта треба да биде да се изгради тим кој ќе може да ја освои лигата во следните три до четири години и да најде нова „деветка“ – напиша Руни во колумна за „Тајмс“ и напомена дека на менаџерот Тен Хаг треба да му се даде време.

Руни постигна рекордни 253 гола за Јунајтед, а 5 години со Роналдо го формираше напаѓачкиот тандем.