„Многу малку, 20% од активности на националната Стратегијата за корупција се реализираа во 2021 година. Проблемите треба да се бараат во институциите, постои дисконтинуитет. Тука лежи основниот проблем, но и колку сериозни ја разбрале работата. Стратегијата не е само мртво слово на хартија, ако сакаме да имаме соодветна борба со корупцијата“ – вели Билјана Ивановска – претседател на Државната комисија за спречување корупција во Трилинг.
Ивановска смета дека „во нашите институции не се гради професионална администрација, секој министер си прави некој кабинет, па кога министерот си оди, си оди и кабинетот, па остануваат прашањата отворени“.
„Ова е прва година од националната Стратегија, очекувам Собранието да си ја заврши својата задача, треба да има надзорна расправа и да има одговорност од одредени институции“ смета Ивановска.