Владимир Зеленски – претседателот на Украина ја повика Европската Унија да остане обединета против Русија, за време на разговорите со претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел. Зеленски им се заблагодари на Мишел и на националните лидери на ЕУ за нивната солидарност и поддршката за време на конфликтот и тензиите со Русија.
Тој нагласи дека „за Украина е важно да се зачува единството на сите земји-членки на ЕУ во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет“ на неговата земја, поради потенцијалната руска инвазија“.
Украина нема да попушти пред провокациите. Напротив, ќе ја задржи својата присебност, заедно со своите партнери. Благодарен сум ви господине претседателе и на лидерите на земјите од ЕУ, чии дипломати остануваат во нашата земја и не поддржуваат во нивната работа“ – му рекол Зеленски на Мишел во телефонскиот разговор.
Тој рече и дека Украина нема намера да одговори на руските провокации.
Официјална Москва, пак, денеска уште еднаш го обвини Киев дека подготвува офанзива против проруските сепаратисти на истокот на земјата.