Повеќе оздравени отколку починати, но бројот на починати во последните 24 часа е 22!

Од направени се 3.044 тестови регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14…

Од вкупниот број на позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.

Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од: Скопје – 612, Битола – 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип – по 28, Валандово – 26…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се осум починати лица, од Скопје (3) и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54 г до 80 г. Пријавените се починати во период од 12.01.2022 до 22.01.2022г.

Бројот на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020.