Гебрејесус: Опасно е да се мисли дека омикронот е последен и дека пандемијата е при крај

Се уште има идеални услови за развој на нови видови на коронавирус и затоа е опасно да се мисли дека омикронот е последен или дека пандемијата е при крај“. Ова денеска го порача генералниот директор на Светската здравствена организација – Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека годинава може да дојде до прекин на акутната фаза на пандемијата, но само доколку се постигнат некои клучни цели – како што се вакцинација на 70 отсто од населението на секоја земја до средината на 2022 година.

„Точно е дека и во блиска иднина ќе живееме со Ковид-19 и ќе треба да научиме да управуваме со него преку одржлив и интегриран систем на акутни респираторни заболувања за да се подготвиме за идни пандемии. Но, учењето да живееме со Ковид-19 не може да значи прифаќање на речиси 50.000 смртни случаи неделно од болести што може да се спречат и лекуваат“ – рече Гебрејесус.